„Гардијан“ со највисоки пет ѕвезди за најновиот компакт диск на пијанистот Симон Трпчески

02.05.2016 19:03

Македонскиот пијанист во петок настапува во Хелсинки, а до крајот на месецов го очекуваат и концертите низ Шпанија, како солист на турнејата со Филхармонискиот оркестар на Хелсинки, и во шведската престолнина со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм.

Нашиот прославен пијанист Симон Трпчески продолжува да ги воодушевува и публиката, но и критиката. 

Македонскиот пијанист во петок настапува во Хелсинки, а до крајот на месецов го очекуваат и концертите низ Шпанија, како солист на турнејата со Филхармонискиот оркестар на Хелсинки, и во шведската престолнина со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм.

Трпчески постојано добива блескави оценки  и од критиката која ги следи неговите настапи.

Британскиот дневен весник „Гардијан“ со максимални пет ѕвездички го оцени најновиот компакт диск на нашиот пијанист, снимен во живо на концертот во лондонската сала Вигмор во јули 2014-та.

Неговото мајсторство, критичарот Стефен Причард го смета за блескаво читање на творештвото на Брамс и на Хендел, нудејќи притоа различен музички свет на Равел.