Зголемен извоз на конзервната индустрија

03.05.2016 09:52

Конзервната индустрија продолжува со зголемување на извоз на странските пазари. Ланските добри приноси на градинарите влијаеа позитивно и на преработувачките капацитети...

Преработувачите на зеленчук и овошје лани извезоа скоро 49 илјади тони готови производи, во вредност од 55 милиони евра, што е за 3 проценти повеќе од претходната година.

Поволните временски услови, најдобри во последните пет години, влијаеа на повисокиот квалитет и квантитет на градинарските култури.

Водечки производ и натаму е ајварот и преработките од црвената пиперка, а најголем потрошувачки пазар е Германскиот.

Иако расте бројот на договорите со земјоделците за откуп на суровини искористеноста на конзервните фабрики е се уште недоволна и се користат  само 40 проценти од капацитетите.

 

Методија Трајков