Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар во текот на ноќта
03.05.2016 10:09
И денеска се очекува претежно облачно со врнежи од дожд и засилен ветар од северозападен правец.

Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар наврнаа во текот на ноќта, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
И денеска се очекува претежно облачно со врнежи од дожд и засилен ветар од северозападен правец.
Највисоката температура ќе достигне 17 степени. И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре до 19, в четврток до 21 целзиусов степен.
