Трет ден Велигден
03.05.2016 10:18
Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Денеска е трет ден Велигден, светол или велигденски вторник, што продолжува да се слави во домовите на православните верници.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.
По повод празнувањето трет ден на најголемиот христијански празник, Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан богослужи во храмот Рождество на Пресвета Богодорица во Скопје.
