Над 90 илјади повици досега на „Ало докторе“

03.05.2016 10:20

Од отворањето на оваа линија досега се регистрирани над 90 илјади повици, а во минатата седмица околу 1.500.

Во минатата недела граѓаните најмногу се жалеле на покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергии и убоди од инсекти, јавуваат од „Ало докторе“, телефонска линија за бесплатен медицински совет.

Од отворањето на оваа линија досега се регистрирани над 90 илјади повици, а во минатата седмица околу 1.500.

За медицински совет, 24 часа се достапни 25 лекари.