Тројца повредени во сообраќајка кај Росоман
Во сообраќајната несреќа учествувале автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено“ со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско.

Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус синоќа во 21:15 минути на магистралниот пат Градско- Прилеп, во близина на Росоман, информираат од СВР Велес.
Во сообраќајната несреќа учествувале автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено“ со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил кој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, како и двајца неговите сопатници на возраст од 32 и 15 години, на кои им била укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
