Пронајдени три нови планети налик на Земјата
03.05.2016 11:51
Нивната големина и температурата наликуваат на оние на Венера и на планетата Земја.

Астрономите од Европската јужна опсерваторија во Чиле открија три нови планети околу џуџеста ѕвезда оддалечена 40 светлосни години од земјата.
Нивната големина и температурата наликуваат на оние на Венера и на планетата Земја.
Според научниците, засега овие три планети се најдобрата целна дестинација во потрагата по живот на друго небесно тело во универзумот.
