Петир: Избори на 5-ти јуни најдобро решение за надминување на кризата
Сметам дека сите мора да ги почитуваме демократските стандарди, а демократски стандарди за доаѓање на власт се избори. Од таа причина очекувам изборите во Македонија да се одржат како што е предвидено, вели хрватската европратеничка Маријана Петир...

Најдобро решение за надминување на политичката е одржување на избори според предвиденото на 5-ти јуни, вели Маријана Петир, претседателка на неформалната група „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“ и европратеничка од Европската народна партија. Со тоа земјата добива влада со целосен легитимитет, изјави хрватската европарламентарка.
„Јас навистина сметам дека сите мора да ги почитуваме демократските стандарди, а демократски стандарди за доаѓање на власт се избори. Од таа причина очекувам изборите во Македонија да се одржат како што е предвидено во месец јуни и потоа се разбира оние што ќе го освојат мнозинството на тие избори да добијат демократски легитимитет да состават Влада и можеби да носат некои нови или поинакви реформи. Сакам уште еднаш да истакнам дека Македонија одамна ги исполни сите услови што се потребни за отворање на преговори со Европската унија и дека секое понатамошно одлагање и опструкции и внатре во самата Македонија, ја оддалечуваат Македонија од таа цел што е исклучително важна“, изјави Петир.
Петир утревечер ќе пристигне во тридневна работна посета во Македонија во име на Европскиот парламент.
