Скијање
Ристевски на завршни подготовки во Бугарија
27.01.2014 13:36
Последниот подготвителен дел пред заминувањето на Олимписките зимски игри во Сочи, Антонио Ристевски ќе го има во Бугарија...

Последниот подготвителен дел пред заминувањето на Олимписките зимски игри во Сочи, Антонио Ристевски ќе го има во Бугарија. Најдобриот македонски алпски скијач заедно со селекторот Иван Лесевски утре ќе отпатува во познатиот бугарски зимски центар Пампорово.
Покрај завршните тренинзи, Ристевски в петок и в сабота на 31 јануари и на 1 февруари ќе настапи и во ФИС трките во велеслалом и во слалом.
24 годишниот Антонио Ристевски е единствениот македонски алпинец кој ќе учествува на Олимписките зимски игри во Сочи во натпреварите во велеслалом и слалом. Настапот на најголемиот спортски настан тој го обезбеди со исполнета „А“ олимписка норма.
