Десетици мртви во напад во Алепо

03.05.2016 15:25

Целта на нападот била болницата Ад Дабит во центарот на градот.

Во нападот врз болница од бунтовниците во сирискиот град Алепо се убиени најмалку десетмина, а уште дузина се ранети.

Целта на нападот била болницата Ад Дабит во центарот на градот.

Според либанската телевизија, објектот бил целосно урнат. Според сириски воени извори, во тек се жестоки напади на бунтовниците во градот.