Наводнување со системите „капка по капка“ и во оризовите полиња

04.05.2016 10:12

Во светот системите за наводнување капка по капка се користат и за производство на оризот. По добрите резултати кај пченката, годинава во кочанско системите ќе се користат и за оризовата култура. Експертите сметаат дека предностите се големи...

На две парцели во Чешиново и во Кочани ќе се испитува производството на оризот со системите за наводнување капка по капка. Во рамките на Проектот на експерименталните полиња новата мрежа ќе се постави веднаш по директната сеидба на растенијата.

Земјоделците секојдневно ќе добиваат совети за користењето на системот и за употребата на соодветните агротехнички мерки за заштита и за прихрана на растенијата.

Светските искуства во производството на оризот со системите капка по капка покажуваат дека приносот се зголемува за 40 проценти, се заштедува од  50-60 проценти вода, се намалува губитокот на ѓубривата и се заштитува животната средина.

 

Методија Трајков