Попоски на конференција за Западен Балкан во Брисел
04.05.2016 10:22
Министерот Попоски денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата насловена „Европската иднина на Западен Балкан“. Теми на дискусијата се и доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата насловена „Европската иднина на Западен Балкан“.
Теми на дискусијата се и доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања.
Во рамките на конференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.
Конференцијата ја организираат Европскaта народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и фондацијата „Конрад Аденауер“.
