ООН: Резолуција за заштита на болниците во воените зони

04.05.2016 11:47

Само во последните шест месеци биле извршени 94 напади врз здравствените установи во Сирија и во Јемен. Ова е првата резолуција усвоена од Советот што се однесува на потребата за заштита на болниците во воените зони.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои посебна резолуција за заштита на болниците во воените зони поради зголемениот број напади врз здравствените работници. Само во последните шест месеци биле извршени 94 напади врз здравствените установи во Сирија и во Јемен. Ова е првата резолуција усвоена од Советот што се однесува на потребата за заштита на болниците во воените зони.

„Од почетокот на конфликтот во Сирија, документирани се над 360 напади врз 215 медицински објекти и над 730 човечки жртви. Речиси половина од медицинските установи во Сирија се или затворени или работат делумно. Милиони Сиријци немаат пристап до здравствена нега. Слична ситуација имаме и во Јемен“, изјави Бан Ки Мун, генерален секретар на ООН.

Резолуцијата е претставена во време кога четири од петте постојани членки на Советот, односно Британија, Франција, Русија и САД ги поддржуваат завојуваните страни во Сирија. Гласањето следуваше откако САД потврдиле дека војниците во таа земја кои учествувале во бомбрадирањето на болницата врз авганистанскиот град Кундуз нема да одговараат за воени злосторства.