НБРМ ја зголеми каматната стапка на благајничките записи на 4%

04.05.2016 11:59

Оценката на НБРМ е дека економските фундаменти се здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата. Показателите упатуваат на солиден економски и кредитен раст...

Народната банка донесе одлука да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,75 проценти поени, односно од 3,25 на 4 проценти.

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и протисоците брз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“ – соопштува Централната банка.

Сепак, од оценката на НБРМ е дека економските фундаменти се здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата. Показателите упатуваат на солиден економски и кредитен раст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви се на соодветно ниво, доволно за справување со шокови – соопштува Централната банка.