Бесплатно запишување права на сопственост во 29 катастарски општини

04.05.2016 12:14

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска апелира сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата да поднесат пријава до надлежното одделение ...

Од речиси 4.050.000 катастарски парцели, за 10- тина насто сѐ уште не е утврдена сопственичката структура. Граѓаните кои се уште немаат имотен лист, може  да ја искористат можноста за бесплатно запишување на правата на сопственост. Досега 10 илјади правни и физички лица ја завршиле процедурата.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска апелира сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата да поднесат пријава до надлежното одделение  и да  приложат соодветна документација за да докажат право на сопственсот, како што се пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови. По ова, посочи, Катастарот ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост.

„Со програмата точно се наведува периодот во кој треба да бидат поднесени барањата, кој секако на нивно барање го  продолжуваме. Потоа по поднесување на барањето Катастарот излегува на лице место заедно со граѓанинот  врши идентификација каде точно се наоѓа недвижноста по што следи и запишување и издавање имотен лист“, рече Трпески.

Доколку граѓаните не се пријават, Катастарот ќе направи напор да изврши идентификација и ќе ги запише правата на сопственост, но не може да се гарантира дека точно ќе бидат запишани.