Прегласување на 15 избирачки места во Србија

04.05.2016 12:15

Неизвеснота на прегласувањето се однесува само на листата на Демократската партија на Србија-Двери која остана под изборниот праг.

На 15 избирчаки места се повторува гласањето за парламентарните избори во Србија. Неизвеснота на прегласувањето се однесува само на листата на Демократската партија на Србија-Двери која остана под изборниот праг.

Од 99,82% обработени избирачки места, изборната комисија потври дека Двери добиле 4,99 насто од гласовите, додека Социјалдемократската партија, Либерално демократската партија и Лигата на социјалдемократите на Војводина освоиле 5,02 насто.

Српската напредна партија на Вучиќ освои повеќе од сите партии заедно, односно 48, 24 насто од гласовите.