Алтхаузер: Решавањето на кризата е во рацете на политичарите во Македонија
Добар знак е тоа што има дијалог и ние тоа го поддржуваме, вели германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер.

Решението на политичката криза е во рацете на политичарите во Македонија. Добар знак е тоа што има дијалог и ние тоа го поддржуваме, вели германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер.
„Знаете дека Европската унија, како и нашите колеги од амбасадата на Соединетите Американски Држави се многу инволвирани во процесот за изнаоѓање решение за оваа длабоко загрижувачка ситуација во земјата. Ние сме вклучени веќе неколку месеци, се обидуваме да помогнеме, но на крајот, на македонските политичари е да најдат решение. Слушнав дека се во тек разговори и тоа е добар знак, но за исходот од тие разговори не можам ништо да кажам, затоа велам дека сѐ е во рацете на политичарите на оваа земја да најдат решение и стегам палци за тоа да се случи“, изјави германската амбасадорка Алтхаузер.
