Нема поголем испит од шампионот

27.01.2014 14:38

Во круговите на регионалната кошарка, нема поголем предизвик од Партизан во Пионир. За двата тима, вечерашниот натпревар ќе биде од исклучително значење. МЗТ Скопје со победа да се запише меѓу ретките, а Партизан да се ревитализира од поразите во Евролига и да се задржи во чекор со најдобрите екипи во АБА лигата.

Во круговите на регионалната кошарка, нема поголем предизвик од Партизан во Пионир. За двата тима, вечерашниот натпревар ќе биде од исклучително значење. МЗТ Скопје со победа да се запише меѓу ретките, а Партизан да се ревитализира од поразите во Евролига и да се задржи во чекор со најдобрите екипи во АБА лигата.

МЗТ Скопје Аеродром е на 11-та позиција, со 7 победи и со 10 порази, во 17 одиграни натпревари. Партизан е на третата позиција, со 13 победи и со 4 порази. Сите останати натпревари од 18-та рунда се одиграа во саботата, што значи со победа МЗТ ќе се врати на семото место, а Партизан веднаш зад лидерот Звезда.

"Брзата и агресивна игра е заштитниот знак на Партизан, со таков стл нашиот противник се пласира во Топ 16 фазата во Евролига." - истакна тренерот на МЗТ, Словенецот Зоран Мартич, непосредно пред заминувањето за Белград. Душко Вујошевиќ е резигниран и предупредува – "МЗТ е екипа што го кутна лидерот и што го исфилтрира составот, со доаѓањето на Мартич на клупата."

Изгледа титански и звучи кралски, но фамозната Топ 16 фаза може да му помогне на македонскиот претставник на Јадранот, да се реваншира за поразот што го претрпе во Скопје со поените на Кинси во последните секунди, во првиот дел од шампионатот. Во првиот меч МЗТ играше без повредените Стојановски, Дејвис и Николовски, а Гечевски беше исклучен по само 5 минути игра. Партизан сега ќе игра без Милосављевиќ кој што се повреди со Макаби и од подамна повредените, Лео Вестерман и Давис Бертанс.

Додека реконструираниот состав на МТЗ Скопје се уигрува во ситуација кога нема друго поле за војување, пеколното темпо на Евролигата ги цеди мускулите на црно-белите. Од поразот против Реал, следниот кај Баерн, победата против ЦСКА и дебаклот во Тел Авив, Евролигата го зема данокот. Во регионот, белградската екипа има 4 победи по ред, а од гостите во Пионир славеше само Звезда.

МЗТ Скопје игра во променлива форма, без сериозна победничка серија. На гости, нашиот шампион победи само кај Раднички, во 13-то коло, а во Белград стигна со два пораза во низа, кај Будуќност и од Цедевита.
Ќе потсетиме дека минатата сезона, МЗТ Скопје и Партизан ги поделија победите, со домашни триумфи. МЗТ Скопје Аеродром од вчера е во српската престолнина. Вечерва во 20:30, на затворањето на 18-то јадранско кошаркарско коло, ќе истрча на паркетот каде што и најголемите се лизгаат, но комплетната слика околу мечот ни дава за право да се надеваме на сензација. Преносот е на собранискиот сервис, на МТВ.