Унгарскиот началник на ГШ во постета на Македонија

04.05.2016 13:04

Безбедносната ситуација во регионот, мигрантската криза, процесот на трансформација на АРМ, учеството во операции за поддршка на мирот, и унапредување на билатералната армиска соработка, теми на разговорите меѓу генералите Величковски и Бенко.

Во дводневна официјална посета на државава е началникот на генералштабот на унгарските оружени сили, генерал Тибор Бенко.

Безбедносната ситуација во регионот, мигрантската криза, процесот на трансформација на АРМ, учеството во операции за поддршка на мирот, и унапредување на билатералната армиска соработка, теми на разговорите меѓу генералите Величковски и Бенко.

Унгарскиот генерал оствари средба и со министерот за одбрана Јолевски. Началникот на генералштабот на војската на Унгарија, ќе биде примен и од претседателот Иванов, а ќе ги посети армискиот полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница.