Одбележани 113 години од смртта на Гоце Делчев

04.05.2016 13:18

По тој повод, државна делегација предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегација на Град Скопје, претставници на политичките партии и на граѓански организации и здруженија...

Денеска се одбележуваат 113 години од смртта на македонскиот револуционер и апостолот на македонската борба за слобода, самостојност и државност, Гоце Делчев.

По тој повод, државна делегација предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегација на Град Скопје, претставници на политичките партии и на граѓански организации и здруженија, положија свежи цвеќиња на гробот во црквата Свети Спас и на споменикот во градскиот парк.

Делегации од Владата и од Советот на Град Скопје положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“