До септември ќе биде изграден регионалниот пат Мокрино-Смоларе

04.05.2016 14:50

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид на градежните активности на овој регионален пат, изјави дека досега е асфалтиран околу километар од патот што ќе биде долг четири километри, а во кој ќе бидат вложени 1,2 милиони евра.

Најдоцна до септември треба да биде изграден регионалниот пат Мокрино- Смоларе. Досега се завршени 40 проценти од работите, а според планот, треба да се реконстуира и регионалниот пат кон границата со Бугарија.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид на градежните активности на овој регионален пат, изјави дека досега е асфалтиран околу километар од патот што ќе биде долг четири километри, а во кој ќе бидат вложени 1,2 милиони евра.

Изградбата на овој пат беше едно од најголемите барања на жителите од овој регион,  затоа што од една страна со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата кон Бугарија, а од друга страна ќе се поврзат десетина населени места, рече Мисајловски.

Во струмичкиот регион, инвестициите во патната инфраструктура изнесуваат над 16 милиони евра.

Директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов рече дека покрај асфалтирањето на патот Мокрино- Смоларе во тек се активности за земјени работи на пропусти и посочи дека се очекува патот да биде завршен согласно договорот.  Стојанов најави и реконструкција на регионалниот пат кон граничниот премин со Бугарија.