Тасева: Оставка на Иванов и одложување на изборите

04.05.2016 14:54

Претседателот на Транспарентност за Македонија, Слаѓана Тасева изјави дека се додека повторно не завладее правото и не биде потврдено дека избирачкиот список е пречистен не може да се организираат слободни и фер избори.

„Транспарентност интернационал“ и неговиот огранок во Македонија побаараа оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на закажаните избори за 5 јуни.

Претседателот на Транспарентност за Македонија, Слаѓана Тасева изјави дека се додека повторно не завладее правото и не биде потврдено дека избирачкиот список е пречистен не може да се организираат слободни и фер избори.

Таа ги подржува протестите  што се организираат во земјава, за  како што вели, да се расчистат сите коруптивни случаи во земјава и да се надмине политичката криза што ја парализира земјава.