Јолевски- Бенко: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Унгарија
Со министерот Јолевски било разговарано за интензивирање на заедничката обука и вежби со припадниците на двете армии, членството на Македонија во НАТО и мигрантската криза...

Македонија и Унгарија ја зајакнуваат соработката на полето на одбраната. Во посета на земјава беше началникот на генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генералот Тимор Бенко.
Со министерот Јолевски било разговарано за интензивирање на заедничката обука и вежби со припадниците на двете армии, членството на Македонија во НАТО и мигрантската криза.
Министрерот Јолевски ја отворил можноста за користење на центрите во Македонија, армискиот полигон Криволак, Воената академија, НАТО - центарот за односи со јавноста, военомедицинскиот центар и центарот за обука на пилоти.
Тој на средбата рекол дека Република Македонија во Унгарија гледа искрен пријател и поддржувач, особено кога станува збор за исполнување на стратегиските цели на државата, членството во НАТО и во Европската унија.
Генералот Бенко на средбата посочил дека Унгарија и нејзините вооружени сили се подготвени за уште поголемо интензивирање на соработката со Армијата на Република Македонија и дека Македонија одамна го заслужила местото како полноправен член на Алијансата.
