Подобрување на регулативата за поквалитетни човечки ресурси
Дарко Велков, член на Управниот одбор на ССК, посочи дека во моментот во сите производни компании има потреба од квалитетен, стручен и обучен кадар и стопанствениците имаат предизвик да најдат такви работници...

Бизнисот бара измена на регулативата од Законот за средно стручно образование, финансиска поддршка за компаниите кои имаат трошоци за организирање практична работа за средношколците.
Според Сојузот на Стопанските комори, компаниите треба да го задржат квалитетниот кадарот, а семејството да им помогне на младите да изберат професија која ќе им обезбеди напредување. Со тоа ќе зголеми побарувачката на пазарот на трудот за кадар од средното стручно образование, а ќе се овозможи и полесно вработување на средношколците по завршувањето на образованието.
Дарко Велков, член на Управниот одбор на ССК, посочи дека во моментот во сите производни компании има потреба од квалитетен, стручен и обучен кадар и стопанствениците имаат предизвик да најдат такви работници, додека поголем дел од учениците се запишуваат во медицинско, угостителско и економско средно стручно училиште.
