Стартува саемот за вработување и кариера на техничките факултети

04.05.2016 15:33

Од денеска до 10-ти мај на техничките факултети во Скопје се одржува Саемот за вработување и кариера. Добра можност, компаниите учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите и за нивните понуди...

Компании, студенти, практиканти- сите на едно место. Почна саемот за вработување и кариера, ќе трае до 10-ти мај. Организаторите велат- на студентите им се нудат работни места и пракса од нивната област, компаниите имаaт можност да се стекнат со квалитетен и амбициозен работен кадар.

Најголем број компании- учеснички на Саемот за вработување и кариера се од ИТ секторот, а најмногу заинтересирани студенти има од Факултетот за електротехника и Факултетот за информациски технологии.

Околу 1.000 студенти секоја година го посетуваат Саемот за вработување и кариера каде што остваруваат директен контакт со нивните потенцијални работодавачи за да најдат работа или пракса.

 

Александра Перевска