САД и Русија договорија прекин на огнот во Алепо
Вашингтон и Москва ќе го координираат зајакнувањето на механизмот за надзор на новиот договор. Сириската влада вети дека ќе го почитува прекинот на огнот.

САД и Русија договориле прекин на огнот меѓу сириската влада и сунитските бунтовници и во сирискиот град Алепо, каде што насилството ескалираше во последниве неколку дена.
Вашингтон и Москва ќе го координираат зајакнувањето на механизмот за надзор на новиот договор. Сириската влада вети дека ќе го почитува прекинот на огнот.
Русија треба да ги зголеми напорите за да го натера режимот на претседателот Башар ал Асад да го почитува прекинот на огнот во Алепо.
САД се заложија да ја убедат опозицијата да го направи истото. Властите во двете земји нагласија дека главна цел е да запрат воените дејствија на целата територија на Сирија.
