Отворен Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

05.05.2016 10:26

Уште една меѓународна културна манифестација во Битола. 18-тото издание на Фестивалот на монодрамата ќе донесе неколку врвни остварувања на наши и на странски актери, а публиката ќе ужива во овој жанр посветен на актерот.

По синоќешното свечено орварање со театарската претстава „Животот е прекрасен“ во рержија на Александар Морфов, вечерва со три монодрами стартува официјалната програма на 18-от Интернационален фестивал на монодрамата. Градот во кој е одиграна првата претстава на макеедонски јазик, а интернационалните настани се традиција, го заслужува фестивалот на најтешкиот теарски жанр, велат вљубениците во оваа уметност.

„Во овој театарски правец доаѓа до израз квалитетот на актерот индивидуа затоа што тука немаш помош од други колеги  и само квалитетот на поединецот може да даде квалитетен уметнички производ“, вели еден од посетителите. „Монодрамата е поспецифична и ја нема многу во светот. Битола ја има таа привилегија, па еве можност публиката да дојде помасовно и да се запознае со дел од најновите монодрамски остварувања“, вели редовна посетителка на фестивалот.

Квалитна понуда на фестивалот кој станува полнолетен. 17 претстави од кој 13 монодрами од девет земји ќе бидат во фокусот на вниманието на меѓународното жири. Селекторот на манифестацијата вели дека репортоарот е разновиден и за сечиј вкус. Жали што сите апликации не беа прифатени што покажува дека освен по квантитет, фестивалот расте и по квалитет. Критериуми што Битола ја прават препознатлива на европската монодрамска мапа.

„Примарно е квалитетот на претставите зошто тематски или жанровски неможам да се врзам. Морам да споменам дека оваа година има доста авторски дела, има моноопера има кабаре и мономјузикал, така да мислам дека ќе биде интересно“ вели селекторот Петар Мирчевски.

„Оваа манифестација не е значајна само за Центарот за култура како организатор туку и за самиот град и за поширокиот регион затоа што е еден од фестивалите со подолга традиција“, вели директорот на Центарот за култура Борче Димитровски.

На годинешново издание со пет претстави значајно место зазема и македонската монодрама. Каков е квалитетот ќе се знае на 10-ти мај, кога по доделувањето на наградите „Театар Комедија“ од Скопје со претставата „Случалот Хармс“ ќе го затвори седумдневниот Фестивал на монодрамата.

 

Стевче Митревски