Редовна ревизија на макроекономските проценки
Вчера Народна банка ја крена референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, односно каматната стапка на благајничките записи ја зголеми од 3,25 на 4% на годишно ниво...

Гувернерот на Централната банка Димитар Богов денеска ќе ја презентира редовната ревизија на макроекономските проекции за домашната економија. Вчера Народна банка ја крена референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, односно каматната стапка на благајничките записи ја зголеми од 3,25 на 4% на годишно ниво.
Се очекува овој сигнал на монетарната политика да го следат комерцијалните банки и да го затегнат кредитирањето на населението и на претпријатијата.
Практично, оваа мерка на Народна банка гувернерот ја најави уште пред неколку месеци. Таа е реакција и на дејствувањето на фактори кои се од неекономска природа, односно влијанието на политичката криза.
Затегањето на монетарната политика е одговор на зголемената побарувачка на девизи на менувачкиот пазар и притисоците врз депозитната база на банките.
