Трамп планира да собере милијарда долари за претседателската кампања

05.05.2016 11:09

За да се обезбеди оваа сума, Трамп веројатно ќе соработува со Националниот комитет на Републиканската партија.

Предизборниот штаб на милијардерот Доналд Трамп, кој остана едиствен претендент за номинација на Републиканската партија за претседател на САД, планира да собере една милијарда долари за кампањата.

За да се обезбеди оваа сума, Трамп веројатно ќе соработува со Националниот комитет на Републиканската партија.

Магнатот се бори против фаворитот на демократите, поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон.