Тред бран поларен студ во САД
27.01.2014 15:41
Наредните денови температурите ќе се движат меѓу -10 и -20 степени...

Трет бран од поларниот вортекс на североистокот на САД. Наредните денови температурите ќе се движат меѓу -10 и -20 степени, но ветрот ќе го зголемува чувството на студ како да се -40.
Денеска најстудено е во Бароу, на Аљаска, со -20 степени, но метеоролозите предвидуваат дека температурите ќе бидат и пониски во Чикаго и во Канзас сити, а во Минеаполис живата ќе падне на 41 степен под нулата.
