Метео: Утре сончево со умерена облачност и слаб ветер
05.05.2016 14:37
Во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд со можни грмежи.

Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд со можни грмежи.
Во наредниот период температурите постепено ќе се зголемуваат но и натаму ќе има појава на локални врнежи.
Поизразена нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува во сабота попладне.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
