Огласот за самовработување активен до 20-ти мај
Можат да се пријават сите невработени, евидентирани во Агенцијата за вработување. Се работи за неповратна финансиска помош, со која невработените треба да се отпочнат сопствен бизнис.

Државата дава грантови за самовработување од 3 до 5 илјади евра. Огласот е активен до 20-ти мај. Можат да се пријават сите невработени, евидентирани во Агенцијата за вработување. Се работи за неповратна финансиска помош, со која невработените треба да се отпочнат сопствен бизнис.
„Средствата немаат обврска да ги враќаат, туку единствено да ги искористат во функција на акумулација за развој на тоа што тие го имаат замислено како деловен потфат. Нашата цел е да обезбедиме што поголем одзив, да обезбедиме што поголем број на поквалитетни проекти за што предвидуваме и специјални надоместоци во висина до 257.000 денари финанисирање по единица проект или дополнителни 92.000 за предвидување на поголем број вработувања“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
