Богов: Ризиците се присутни, продолжувањето на кризата ќе го намали растот

05.05.2016 15:06

Според алтернативното сценарио нестабилната политичка состојба ќе ја забави кредитната активност и економскиот раст. Се очекува за 2 процентни поена понизок раст од основното сценарио, 1,6 за годинава и 3,9 насто во 2017-та година.

Економските фундаменти и натаму се здрави, а последните денови има намалување на притисокот на менувачкиот пазар, вели гувернерот Богов. Народната банка со две сценарија за движењата на македонската економија.

Ризиците се присутни и во двете проекции. Според алтернативното сценарио нестабилната политичка состојба ќе ја забави кредитната активност и економскиот раст. Се очекува за 2 процентни поена понизок раст од основното сценарио, 1,6 за годинава и 3,9 насто во 2017-та година.

Најголемо надолно отстапување ќе има кај личната потрошувачка и инвестиците, а извозот ќе се задржи на проектираното ниво. Се предвидува помал притисок врз цените и опасност од дефлација.