Раст на извозот од 6% во првиот квартал од годинава

05.05.2016 15:15

Според државната статистика вредноста на извезената стока е над милијарда 86 милиони долари, поголема за 4,3 насто.

Во првиот квартал годинава пораст на извозот за шест проценти изразено во денари споредбено со истиот период лани. Според државната статистика вредноста на извезената стока е над милијарда 86 милиони долари, поголема за 4,3 насто.

Увозот се зголемил за 2,2 проценти, изнесува речиси милијарда петстотини илјади долари. Трговскиот дефицит за јануари – март се позиционирал на 411.590 илјади долари. Покриеноста на увозот со извозот изнесува 72,5 насто.

Најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали, производи од железо и челик, најмногу се увезувале платина и легури, нафтени масла, електрична енергија. Во првиот квартал Македонија најмногу тргувала со Германија, Британија, Србија, Грција.