Ахмет Давутоглу поднесе оставка на партиската и државната функција

05.05.2016 15:19

Давутоглу, имено, соопшти дека нема да бара нов мандат за претседател на Партијата на правдата и развојот, што значи дека повеќе нема да биде ниту премиер.

Ахмет Давутоглу поднесе денеска оставка на функцијата претседател на владејачката Партија на правдата и развојот, што подразбира дека повеќе нема да биде ниту премиер, а неговата одлука ќе стапи во сила по вонредниот конгрес на партијата закажан за 22 мај.

Давутоглу, имено, соопшти дека нема да бара нов мандат за претседател на Партијата на правдата и развојот, што значи дека повеќе нема да биде ниту премиер.

Според Статусот на партијата, шефот на партијата и претседател на Владата е секогаш иста личност.

Турските медиуми вчера пренесоа дека Давутоглу размислува за оставка поради борбата за превласт која ја води со претседателот Реџеп Таип Ердоган.