СЈО и ОЈО ќе ја расветлуваат смртта на Крпач
Оттаму велат и дека податоците кои биле побарани, а кои не се во корелација со смртта на Крпач, Специјалното обвинителство нема да ги достави до основното, бидејќи, како што велат, тие информации се дел од предистражна постапка која е во тек.

Специјалното јавно обвинителство го прифати барањето на Основното обвинителство за истражување на околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач, информираа од обвинителството на Јанева.
Оттаму велат и дека податоците кои биле побарани, а кои не се во корелација со смртта на Крпач, Специјалното обвинителство нема да ги достави до основното, бидејќи, како што велат, тие информации се дел од предистражна постапка која е во тек.
Од обвинителството со кое раководи Катица Јанева, преку соопштение уште еднаш побараа од Основното јавно обвинителство во иднина да воспостави меѓуинституционална соработка и да одговори на барањата испратени од СЈО.
