Николовски побара обесштетување за сточарите поради загубите од болеста „јазлеста кожа“
05.05.2016 15:25
Смета дека болеста ги затекнала надлежните од ресорот, за кои вели дека ништо не презеле да се спречи ширењето.

Дополнителниот заменик – министер за земјоделство Николовски, побара сточарите веднаш да бидат обесштетени за губитоците од болеста „јазлеста кожа“, да им бидат префрлени пари за уништените животни, како и да се подмират долговите кон ветеринарните друштва.
Смета дека болеста ги затекнала надлежните од ресорот, за кои вели дека ништо не презеле да се спречи ширењето.
Николовски вели дека мора да има одговорност за нанесените штети на сточарите.
