Казни и награди за наставниците
Се чини екстерното оценување ќе биде најголемиот тест за наставниците...

Се чини екстерното оценување ќе биде најголемиот тест за наставниците. Колку од нив биле објективни при оценувањето, ќе покаже јануарската плата. Најдобрите ќе бидат наградени, а оние што имале најголема остапка во оцената ќе добијат пониска плата. Професорите со кои разговaравме се согласни- ќе се види кој вредно работел , а кој ставал оцени од ракав.
Она што ние сме го стекнувале , она ние што сме го покажале и што сме го работеле треба да биде награден. Дали од материјална страна, дали интелектуалното ниво уште повеќе ќе ни се зголеми, од друга страна треба да ги наградиме и учениците со знаење, а резултатот да биде покажан подоцна, преку ова ќе видиме кој колку сработил и постигнатиот резултат во овој пропцес, смета професорката Тамара Петреска.
Некои наставници велат дека наградата ќе го валоризара нивниот нивниот долгогодишен труд.
И тoa како ќе не мотивира, секој професор би се замислил колку треба да вложи во овој дел, ако навистина биде награден за тоа што го работи, но и да биде казнет, вели професорката Тања Дуева.
Од екстерното тестирање најмногу се исплашија оние наставници кои необјективно делат оцени коментираат професорите . Велат во минатото и самите биле сведоци на такви злоупотреби . Според министертвото за образование овој систем треба да ги исфрли сите аномалии и да го покаже реалното знаење на учениците.
Оваа реформа треба да открие кој наставник прогледувал низ прсти и да ги мотивира учениците да учат за знаење. Со ланското екстерно тестирање беа опфатени околу 15.000 наставници.
Од ресорното министерство информираат дека штом ќе завршат анализите , ќе биде објавена и ранг листата со казнети и наградени професори .
Со последното екстерно тестирање беа оценувани околу 20 000 ученици од завршните години. и 2900 наставници .
Викторија Тодоровска
