Орав: Политичките лидери мора да се сретнат до 11-ти мај за изнаоѓање решение за кризата

05.05.2016 16:03

Иако физички не постои писмо од Брисел, сепак, потврди дека од таму се испратени пораки до партиските лидери. Пренесе две барања од Европската унија: претедателот да ја повлече аболицијата, институциите да не ја попречуваат работата на Специјалното обвинителство.

Лидерите на четирите партии мора да се сретнат до 11-ти мај за изнаоѓање решение за надминување на политичката криза во земјава – порача евроамбасадорот Орав. Иако физички не постои писмо од Брисел, сепак, потврди дека од таму се испратени пораки до партиските лидери. Пренесе две барања од Европската унија: претедателот да ја повлече аболицијата, институциите да не ја попречуваат работата на Специјалното обвинителство.

„Прво отповикување на аболицијата од претседателот, зашто одлуката влијае на евроатланските интеграции. Евроинтеграциите според нас подразбираат демократија, која, пак, се води од принципите на владеење на правото. Сметаме дека со оваа одлука се прекшри овој принцип, односно не беше почитувано главното начело на демократијата“, изјави Орав.

На промоцијата на проектот „Мрежа новинари за слобoдa на медиумите“ кое во следните три години ќе го спроведе Здружението на новинарите , претседателот Селмани потсети на состојбите во новинарството.

„Не е време за академска расправа за тоа што е добро новинарство, туку е критично време кога треба да ја спасиме вербата дека во Македонија можеме да имаме слободни и професионални медиуми“, рече Селмани.

Евроамбасадорот орав рече дека состојбите во медиумите треба час покоро да се сменат поради тоа што Македонија беше сместена во групата неслободни земји.

 

Фиљана Кока