Работа со компјутери и основи на програмирање - задолжителен предмет во четврто одделение

05.05.2016 16:19

Досега ова функционираше како пилот - проектот во третолетка, со еден час неделно. Се работи за настава преку игра, која треба да ја поттикне креативноста кај најмладите, а моделот е преземен од Англија.

 со компјутери и основи на програмирање како задолжителен предмет влегува и во четврто одделение – соопшти Министерството за образование. Досега ова функционираше како пилот - проектот во третолетка, со еден час неделно. Се работи за настава преку игра, која треба да ја поттикне креативноста кај најмладите, а моделот е преземен од Англија.

„Предметот првпат го воведовме кај учениците во трето одделение, со тоа што го надградивме по примерот на моделот преземен од Англија, со додатен елемент во делот на програмирањето. Одлични беа реакциите и резултатите од имплементацијата на овој пилот-проект кај учениците од трето одделение со два часа неделно. Токму поради тоа МОН и Бирото одлучивме следната учебна година проектот да продолжи“, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски. 

Програмирањето е приспособено на возраста на учениците, пристапот е низ игра и развој на креативноста да им се овозможат основни познавања за оваа област која, како што рече, ја зголемува логиката и когнитивните способности и ќе им користи и за други предмети во повисоките одделенија. Ристовски посочи дека во првата (тековната) година од спроведувањето на проектот, биле обучени и ангажирани 1500 наставници кои, како што рече, исклучително квалитетно ги применувале новите наставни програми.