Бејли: САД и ЕУ работат за решавање на политичката криза

05.05.2016 16:25

„Има некои пречки. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“ – рече Бејли.

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, вели дека САД и Европската унија работат заедно во обид да се заврши политичката криза. „Има некои пречки. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“ – рече Бејли.

„Веќе ги искажавме ставовите за неколку прашања. Како што реков во вторникот ние сме во комуникација со политичарите, и работиме заедно со ЕУ и со луѓето во обид да се заврши политичката криза. Тоа го правиме, сакаме Македонија да биде просперитетна, мултиетничка демократија, целосно интегрирана во евро-атлантското семејство. И мислам дека повеќето од луѓето во земјава посакуваат ова да се случи. Сакаме да помогнеме во овој процес, има некои пречки, ги знаете, нема потреба да ги повторувам. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“, нагласи Бејли.