Со комеморација одбележан Јом Ашоа

05.05.2016 16:45

Одбележан Јом Ашоа - Националниот комеморативен ден на холокаустот, во спомен на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943-та...

Со палење меморијални свеќи се одбележаа 73 години од востанието и смртта на шест милиони евреи во Варшавското гето. Денешниот ден е ден на херојството достоинството и непокорот на човекот, рече директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио.

Наместо омраза, да завладеат разум, договор и почит, порача претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ. Рече дека сеќавањето не смее да престане, тоа треба да е опомена за идните генарации.

Во Музејот на холокаустот беше поставена и детска изложба како дел од проектот „Толеранција, дијалог и соработка“ оттаму велат дека изложбата е со тешка тематика, но поради поголема и возвишена цел – создавање здрави генерации, без предрасуди.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска