Избори во САД: Републиканците ќе го изгубат мнозинствотот во Сенатот, но ќе го задржат во Конгресот
Покрај претседателските избори во Соединетите Американски Држави во ноември ќе се одржат избори и за испразнетите места во Конгресот и Сенатот. Експертите предвидуваат дека Републиканците ќе го изгубат мнозинствотот во Сенатот, но ќе го задржат во Конгресот.

Американските гласачи во ноември ќе гласаат за избор на претседател, но и за избор на конгресмени и сенатори. Номинацијата на Доналд Трамп како претседателски кандидат, ќе наштети на Републиканската партија, оценуваат аналитичарите.
„Постои широко распространето предвидување дека изборот на Доналд Трамп за републикански претседателски кандидат многу ќе и наштети на партијата. Најверојатно ќе води кон враќање на Сенатот на демократите. Републиканците можат да изгубат само три сенаторски места, ако сакаат да го задржат мнозинството“, изјави Мелинда Хенебергер, долгогодишен политички новинар и главен уредник на конгресниот весник „Врлхол“.
Републиканците можат да изгубат места и во Конгресот, но најверојатно ќе го задржат мнозинството.
„Луѓето коишто ги анализираат изборните трки, велат демократите ќе освојат 10 места во Конгресот, можно е 20 места, но 30 места ги надминуваат можностите. Демократите сметаат дека ова најмногу можат да го постигнат при изборите во приградските места“, додава Хенебергер.
Кандидатите од Републиканската партија за места во Конгресот и во Сенатот се во дилема дали да го поддржат Доналд Трамп, демократот Хилари Клинтон или пак да водат независна изборна кампања.
Според аналитичарите, овие избори во САД се најнеизвесни во последните 30 години.
Ирина Гелевска, постојан допсиник од Вашингтон за МРТ
