Јолевски на меѓународен форум за глобална безбедност во Будва

06.05.2016 10:19

Јолевски ќе говори на панелот посветен на заштитата на границите на ЕУ и Југоисточна Европа, предизвикан од мигрантската криза.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре учествува на меѓународниот форум за глобална безбедност што се одржува во Будва, Црна Гора.

Јолевски ќе говори на панелот посветен на заштитата на границите на ЕУ и Југоисточна Европа, предизвикан од мигрантската криза.

Меѓу учесниците на форумот се и заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу, како и министрите за надворешни работи на Турција, Албанија, Босна и Црна Гора.

На форумот ќе присуствуваат и претседателите на Хрватска, Црна Гора и Словенија.