Прекопуца: Избирачкиот список е реален
ДИК треба денеска да се изјасни дали се доставени предлозите, бидејќи тие се испраќаат до општинските комисии, а потоа листите се доставуваат до централната изборна комисија. Неофицијално, единствено ВМРО-ДПМНЕ доставила предлог листи, но од ДИК не ја потврдуваат оваа информација...

На полноќ истече рокот за пријавување на претставници на партиите за претседател, потпретседател и членови во општинските изборни комисии. ДИК треба денеска да се изјасни дали се доставени предлозите, бидејќи тие се испраќаат до општинските комисии, а потоа листите се доставуваат до централната изборна комисија.
Неофицијално, единствено ВМРО-ДПМНЕ доставила предлог листи, но од ДИК не ја потврдуваат оваа информација.
Вчера на седницата на ДИК се усвојуваше записникот за доставата на листа од МВР за македонски државјани во електронска форма, за претставници во општинските изборни комисии и за извештајот на пријавените избирачи во дипломатско конзуларните претставништва.
Претставниците од СДСМ не учествуваа на седницата на ДИК, за што телефонски го известиле претседателот на комисијата Чичаковски.
Според потпретседателот Прекопуца, избирачкиот список е реален.
