ОН побараа истрага за нападот врз камп за бегалци во Сирија
06.05.2016 12:03
Ако се покаже дека тој напад бил насочен кон цивили, тогаш тоа ќе биде оквалификувано како воено злосторство, изјави Стивен О’Брајан.

Шефот на хуманитарните операции на ОН побара итна истрага за воздушните напади извршени вчера врз бегалски камп во Сирија во кој беа убиени најмалку 28 луѓе.
Ако се покаже дека тој напад бил насочен кон цивили, тогаш тоа ќе биде оквалификувано како воено злосторство, изјави Стивен О’Брајан.
Најмалку 28 луѓе меѓу кои жени и деца беа убиени во воздушни напади врз бегалски камп во северната провинција Идлиб. Во тој камп беа сместени семејства од соседната провинција Алепо.
Провинцијата е во близина на турската граница и е под контрола на Фронтот Ал Нусра и негови поддржувачи чија идеологија е како и на Ал Каеда.
