Рангирање

Македонија трета по гринфилд проекти по глава на жител во Источна Европа

06.05.2016 12:47

Реномираниот магазин „Сајт селекшн“ ја рангира Македонија на трето место според гринфилд проекти по глава на жител и на седмо место по гринфилд проекти во Источна Европа. Биле рангирани само инвестициски проекти со вредност над милион долари...

Глобалниот реномиран магазин „Сајт селекшн“ ја рангира Македонија на трето место според гринфилд проекти по глава на жител и на седмо место по гринфилд проекти во Источна Европа. Биле рангирани само инвестициски проекти со вредност над милион долари кои креирале најмалку 20 нови работни места и нов простор од минимум 1.900 метри квадратни.

„Само Чешка и Унгарија се пред Македонија по бројот на гринфилд проекти по глава на жител“- изјави директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Извозот од зоните во првите четири месеци од годинава е зголемен за 30,4 проценти споредено со 2015-та година. Надмина 565 милиони евра, а разликата меѓу извозот и увозот е повеќе од 130 милиони евра.