Конференција во МАНУ: Република Македонија на патот кон ЕУ
06.05.2016 13:15
И покрај најавите од Брисел за забавување на овој процес, пред сѐ предизвикано од мигрантската криза, земјава и натаму мора да работи на спроведувањето на реформите...

Европската интеграција за Македонија нема алтернатива. И покрај најавите од Брисел за забавување на овој процес, пред сѐ предизвикано од мигрантската криза, земјава и натаму мора да работи на спроведувањето на реформите, особено во доменот на владеењето на правото, беше речено на денешната конференција во МАНУ.
