Изменет сообраќаен режим за Скопскиот маратон
Целосно затворен за сообраќај ќе биде булeвар „Илинден“, од крстосница со улица „ВМРО“ до булевар „8-ми Септември“, десната коловозна лента во правец од булевар „8-ми Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“.

Поради најавената манифестација „Виз ер Скопски маратон 2016“ утре од 07:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај, информира Град Скопје.
Целосно затворен за сообраќај ќе биде булeвар „Илинден“, од крстосница со улица „ВМРО“ до булевар „8-ми Септември“, десната коловозна лента во правец од булевар „8-ми Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“.
Целосно ќе бидат затворени и улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“), како и улиците: „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Димитрије Чуповски“, „11 Октомври“ и улица „Пролет“, и тоа од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“ до крстосница со улица „Коста Новаковиќ“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од улица „Љубљанска“ и улица „Московска“ во правец од булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај студентски дом „Гоце Делчев“.
Во период од 7:30 до 9:45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и улица „Франклин Рузвелт“ од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а од осум до 9:45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и булевар „Гоце Делчев“ од крстосница со булевар „Филип Втори Македонски“ („Стив Наумов“) до крстосница со булевар „Илинден“ и булевар .„Св.Климент Охридски“. Во истиот период затворен за сообраќај ќе биде и улица „ВМРО“ од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански Одреди“.
Ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз.
