Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот
Со повеќе активности во Македонија денеска ќе биде одбележан 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа...

Со повеќе активности во земјава, денеска ќе биде одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
„Младите и мобилноста“ е настанот што го организира Националната агенција за европски програми и мобилност, во соработка со новооснованата европска мрежа на културни институции Еunic, италијанскиот центар Данте Алигиери и Францускиот институт во Скопје.
На Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, во рамки на кампањата „Младите за ЕУ“, ќе се одржи дебата од циклусот „ЕУ ѕвезди“ на тема „Родова еднаквост“.
По повод Денот на победата над фашизмот, Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, организира свеченост, додека во Прилеп, во Центарот за култура „Марко Цепенков“, со филмот „Белиот Тигар“ ќе биде отворена ревија на руски филмови.
